Макрон доаѓа во Скопје и Тирана

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, следниот месец доаѓа во Скопје и Тирана да ги посети Зоран Заев и Еди Рама, известуваат албанските медиуми.

 

По блокирањето на двете земји да ги започнат преговорите за пристапување за влез во Европската Унија, во својот јавен коментар тој рече дека ќе се сретне со Заев и Рама, со цел да разговараат за реформите кои треба да ги превземат двете земји за да ги продолжат европските перспективи.

 

Сепак, францускиот претседател во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, доведувајќи го за прв пат јавно во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена во Солун во 2003.

 

„Разговаравме за визијата на секој од нас за Европа, јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, рече Макрон и додаде дека ЕУ не функционира каква што е сега и истакна дека со „овие земји“ треба да се има „стратешка агенда“, но дека не е нужно тие да бидат идни земји членки на ЕУ.

 

Засега, сѐ уште нема детали за посетата. Се чини дека реакциите на повеќе европски земји кон француското вето ќе го натераат Макрон да ги посети двете земји.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи