Горбачов: Крајот на Студената војна беше заедничка победа, но Западот ја приграби за себе

Facebook
Twitter
Email
Print

Крајот на Студената војна беше заедничка победа, но Западот себеси се прогласи за победник, без размислување како тоа ќе го прифати Русија, изјави поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов за германскиот „Велт ам Зонтаг”, пред одбележувањето на годишнината од падот на Берлинскиот Сид на 9 ноември.

 

„Прво САД себеси се прогласија за победник, тврдејќи го тоа на сите страни, без размислување како тоа ќе влијае на Русија и на односите меѓу Москва и Западот“, истакна Горбачов.

 

Тој оцени дека Западот почнал да се однесува како сè да му е дозволено – да користи сила без одобрение на Советот на безбедност на ОН, да ги крши меѓународните договори, да воведува сопствени термини…

 

„Наместо да создадат нова архитектура на заедничка безбедност во Европа, покрената е експанзија на НАТО и сојузниците се прогласија за гарант на мирот на нашиот континент и надвор од него“, истакна Горбачов.

 

Тој оцени дека Западот не го мина тестот на новата епоха.

 

„Тоа е корен и причина за сите денешни проблеми“, смета Горбачов и заклучи дека сега политичарите стануваат свесни дека изолацијата на Русија на сите им наштетува.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи