Екипата на ЖФК Деспина продолжува со одличните игри, при што успеа да слави победа на дербито против ЖФК Драгон на гостински терен со резултат од 1:3, со што ја задржа првата позиција на табелата.
Во одличниот дерби натпревар домашната екипа поведе уште на самиот почеток во 2 минута од мечот. Примениот гол како да беше мотив за фудбалерките на Деспина кои изгинаа на терен и успеаја да израмнат во првиот дел, по што следеше и одлично второ полувреме, во кое со доминантна игра беше заверена победата со уште два гола.
Стрелци на головите за ЖФК Деспина беа Катерина Милеска и Ангела Стојкоска со по еден гол, а еден автогол си постигна домашната екипа.
138