Голем зелен ѕид – иницијатива за пошумување на 100 милиони хектари во Африка

Facebook
Twitter
Email
Print

Иницијативата „Големиот зелен ѕид“ (порано наречен и Голем ѕид на Африка), која е поврзана со борбата против климатските промени, има за цел пошумување на 100 милиони хектари со дрва, кои ќе се протегаат од едниот до другиот крај на континентот Африка, од Сенегал до Џибути, во должина од 8.000 километри.

 

Основна цел на оваа иницијатива е борбата против дезертификацијата, односно ширењето на пустината во регионот Сахел во Северна Африка, како и против климатските промени кои се случуваат низ целиот свет. Целта е, исто така, да се отстранат дури 250 милиони тони јаглерод диоксид до 2030 година.

 

Со помош на ова движење, жителите на овој регион се надеваат дека ќе успеат да си ја “вратат“ земјата назад, односно ќе ја направат повторно погодна за обработка и производство. Со тоа се надеваат дека ќе ја спречат миграцијата, која многу често се злоупотребува и луѓето стануваат „бело робје“, а дел ги губат и своите животи во процесот.

 

Иницијативата исто така ќе обезбеди работни места за 10 милиони луѓе, а освен тоа луѓето од оваа област ќе имаат и „позелена иднина“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи