Грчката медицинска заедница била шокирана од веста дека осумгодишното дете починало од дифтерија, заразна болест која е искоренета пред 30 години.
Локалните медиуми пренесуваат дека девојчето најверојатно не било вакцинирано. Детето во средата било пренесено во болница во многу лоша здравствена состојба и докторите не успеале да го спасат.
Манолис Папасавал, шефот на педијатрија рекол дека девојчето најверојатно не примило трослојна вакцина против дифтерија која требало да ja прими уште кога било 2-месечно бебе.
Министерството за здравство го истражува случајот, а наскоро се очекува и официјално соопштување. Последна смрт на дете предизвикана од дифтерија забележана била пред три децении, пренесуваат од “blic.rs“.
Порастот на компанијата против вакцинации ширум Европа веќе со години ги загрижува здравствените работници, но и креаторите на ЕУ политиката кои интензивно работат на борбата против овие опасни појави.
Европскта комисија денес ќе преседава за годишен извештај за ситуацијата на здравјето во секоја земја членкана ЕУ, а се очекува дека во него скептичноста кон вакцинациите повторно ќе бидат истакнати како еден од поголемите проблеми.
СЗО во август објави податоци дека во првите шест месеци од 2019-та година забележани биле 89.994 случаи на мали сипаници во Европа што е двојно повеќе од целата мината година.