Нов силен земјотрес од 4.3 степени по Рихтер ја потресе Албанија утринава. Земјотресот бил со епицентар на 25 километри северозападно од Тирана во 09.26 часот.
Досега бројот на загинати од земјотресот е 53, додека стотици жителии се евакуирани оид своите домови.
Инаку Албанскиот премиер Еди Рама ја повикува меѓународната заедница да испрати финансиска и експертска помош за да и помогне на земјата да се опорави од моќниот земјотрес кој ја погоди таа земја во вторникот утрото.
Рама рече дека владата работи на ребаланс на буџетот, но дека ќе биде „човечки невозможно“ да стори сé што е без поддршка на меѓународните партнери, објави АП и ја повика меѓународната заедница да помогне затоа што тие не можат сами да го сторат тоа.
Најтешко погодени области се градот Драч, популарно албанско одморалиште кое се наоѓа на 33 километри западно од Тирана и блискиот северен град Туман. Градежни инженери од Европската унија и САД, во соработка со локалните, веќе започнаа да ги проценуваат ефектите од земјотресот.
Синоќа се тресеше и во Црна Гора. Секторот за сеизмологија на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија синоќа во 21 часот и 13 минути забележал земјотрес со помала јачина и епицентар на 8км северно од Подгорица.
„Жариштето на овој земјотрес е лоцирано на длабочина од 22 км“, се наведува во соопштението.
Од Заводот истакнуваат дека овој земјотрес не можел да направи материјална штета во епицентралното подрачје.