Четврто издание на „Winter Apricots“ – интернационален филмски фестивал Прилеп

Престојниов викенд од 12-ти до 14-ти декември, во кино салата „Мис Стон“, ќе се одржи четвртото издание на интернационалниот филмски фестивал на краток филм “Winter Apricots”.

 

На отварањето на фестивалот, овој четврток од 21:00 часот, ќе настапи еден од најквалитетните етно состави од Македонија, групата „Баклава“. A претходно, во соработка со италијанскиот фестивал „Fuori Formato” филмската програма ќе ја отворат кратки танцувачки филмови, со почеток од 18:00 часот.

 

 

Филмската кулминација фестивалот ќе ја достигне во петок и сабота, односно на 13-ти и 14-ти декември. Во петок со почеток од 18:30 часот ќе бидат прикажани 8 кратки филмови во таканаречената „Балканска Селекција“. Истата вечер од 20:30 часот ќе биде прикажана и првата половина од главните финалисти во „Официјалната селекција“.

 

На последниот фестивалски ден, во сабота со почеток од 18:30 часот, ќе бидат прикажани 7 Македонски кратки филмови, за кои што публиката со гласање ќе го избере најдобриот. Потоа во 20:30 часот следува втората половина од “Офцијалната селекција“ со уште 6 кратки филмови. За крај во сабота во 22:30 часот ќе бидат прогласени победниците на годинешното издание, а настанот ќе го затвори уникатниот инструментален рок-блуз состав „Filch”.

 

Одлуката за најдобар филм, ќе ја донесе тричлено жири во состав: Перла Сардела, Ана Опачиќ и Жарко Иванов.

 

 

Во петок и сабота, во пладневните часови ќе се одржи и филмска работилница на тема „Филмска Критика“, со доајенот на македонската филмска критика, Влатко Галевски.

 

И оваа година „Winter Apricots” останува максимално досатепен за сите граѓани со тоа што влезот на сите настани ќе биде бесплатен!

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи