Македонската актерка Силвија Јовановска – Стојановска уапсена поради шверц на голема количина кокаин

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонската 59-годишна театарска, филмска и телевизиска актерка Силвија Јовановска – Стојановска вчера е уапсена поради шверц на неофицијално дури 700 килограми кокаин. Кокаинот потекнувал од Шпанија, а актерката ја овозможила логистиката на двајца браќа, македонски државјани, од кои едниот живее во Мадрид, а другиот во Скопје.

 

По барање на обвинителството судија на актерката и определил мерка куќен притвор. Покрај Стојановска, бил притворен и Воислав Будисављевиќ на кој судот му определил 30 дневен притвор во Истражниот затвор Скопје.

 

И во Шпанија се упасени луѓе вмешани во шверцот со кокаин. Меѓу нив е и братот на Будисављевиќ, кој поседувал белгиски и македонски пасош, а престојувал во Мадрид.

 

Станува збор за меѓународна акција, во која учествуваат неколку европски полиции, ја водат шпанците, а патот на дрогата го следеле американските служби за борба против шверц на дрога.

 

Стојановска и браќата Будисаљевиќ се само алка во мегаломанскиот обид во Шпанија да се внесат три тони колумбиски кокаин кои пред три недели заврши во рацете на полицијата. Сокриен патувал во подморница долга 22 метри. Требало да заврши на улиците во Велика Британија, а шверцерите планирале да заработат 100 милиони долари.

 

За делото за кое е уапсена Стојановска, после сомневањето на Јавното обвинителство, предвидена е казна затвор од најмалку пет години затвор.

 

Инаку, Силвија Јовановска е член на Ансамблот на Драмски театар во Скопје, каде беше и режисер во 2005 година. Нејзината последна филмска улога беше „Ослободување на Скопје“ во 2016. година, а сега игра во домашната телевизиска серија „Семејството Марковски“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи