ВИДЕО – Јездиќ: Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти

Резултатите од темелните реформи на системот за социјална заштита, кои во изминатите две и пол години ги спроведе власта на СДСМ, директно ги чувствуваат над 120.000 наши граѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик, изјави на денешната прес конференција Нела Јездиќ, Комисија за труд и социјална политика на ОО СДСМ-Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти. Денес, околу 27.000 семејства во државата од кои за 2.000 е надлежен Центарот за социјални работи – Прилеп,  добиваат гарантиран минимален приход во висина до 11.700 денари месечно, а претходно за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ добивале социјална помош од околу 3.000 денари.

 

Дополнително, децата чии родители се корисници на правото на социјална помош се ослободени од плаќање на болничка партиципација.

 

Власта на СДСМ го исполни и ветувањето за социјална пензија за возрасни лица со загарантиран износ од 6.000 денари.

 

Моментално над 500 лица од територијата која ја покрива Центарот за социјални работи – Прилеп, добиваат социјална пензија од 6.000 денари плус 1.000 денари за енергетски додаток за месеците од октомври до март.

 

Како одговорна партија не застануваме тука, продолжуваме да градиме ефикасен систем на социјална заштита кој трајно извлекува од сиромаштија.

 

Воведовме серија на мерки за вклучување на социјално ранливите категории на пазарот на труд, преку преквалификација и докавалификација за занимања кои се дефицитарни на пазарот.

 

Се грижиме за нашите сограѓани од социјален ризик и градиме фер и праведно општество на еднакви можности. Тоа е правиот пат“, изјави Јездиќ.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи