Второто издание на „When in Krusevo – Winter is Here“ од 14 до 16 февруари

Од 14-ти до 16-ти февруари во Крушево ќе се одржи фестивалот на отворено „When in Krusevo – Winter is Here 2020“. Ова е второ издание на овој фестивал и истиот вклучува рекреативна пешачка тура, зимско јавање на коњи, фото тура, зимски тандем параглајдинг, дегустација на уникатни крушевски специјалитети и секако чист воздух.

 

„Покрај ваквото рекреативно дружење секако дека не ја изоставивме и забавата. Предвидени се подиуми на ски терените како и во ресторан Алто со различни жанрови на музика, за да биде задоволен сечиј вкус на нашите посетители, за кои ќе се погрижат нашите локални DJ-и. Забавата ќе продолжи и во локалните крушевски барови Old School и Клуб Планет, каде што ќе настапуваат многу DJ-и  како и познатиот бенд Invictus.“, велат од здружението Аутдор Манифест кое се јавува како организатор на фестивалот.

 

Цената на билетот изнесува 500 денари и со самото купување на билетот секој учесник добива голем попуст за сместување во вилите и хотелите во Крушево, кои можете да ги погледнете на официјалната веб страна на фестивалот: http://winter.wheninkrusevo.mk/.

 

Покрај овој попуст за сместување со билетот доаѓаат и уште многу неверојатни понуди како тандем зимски параглајдин за само 1800 денари, зимско јавање на коњи за 500 денари, како и обезбедување на одличен попуст за дневна ски карта и бесплатен влез на ноќните журки.

 

Картите се во продажба и можете да ги набавите преку продажната мрежа на MK Ticketshttps://mktickets.mk/, како и на платформата за outdoor активности When in X: :https://www.wheninx.com/.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи