ВИДЕО – Златески: Директорот на ЦСР Прилеп рекламира работа за млади во Германија – овој ли е правиот пат?!

Директорот на Центарот за социјална работа Прилеп, Дејан Тошески, инаку кадар на Миле Талески, е уште еден во низата промашени кадри на криминално-рекетарското здружение наречено СДСМ, изјави на денешната прес конференција Никола Златески, претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Тој во екот на работното време на својот Фејсбук профил јавно сподели соопштение на агенција која се занимава со посредување за вработување на млади луѓе во Германија.

 

Замислете, првиот човек на труд и социјала во Прилеп јавно се залага за иселување на младите од нашиот град.

 

На ваков начин Дејан Тошески им го покажува правиот пат на младите, ПРАВ ПАТ КОЈ ВОДИ ЗА ГЕРМАНИЈА!

 

На ваков начин оваа одродена и башибозук власт на СДСМ планира да ја намали младинската невработеност во Република Македонија и да се ослободи од квалитетните и стручни кадри.

 

Oва ли се проектите за младите кои ги промовираше и градоначалникот Илија Јованоски?

 

Впрочем што да очекуваат младите и граѓаните од човек кој своите деца ги згржи во странство, а овде лицемерно ветуваше враќање на иселените во Прилеп.

 

Вака ли работите за враќање на оние 600.000 иселени луѓе кои со години ги споменувавте и редевте чевли пред владината зграда?

 

Свесни ли се за вашето лицемерие и дволичност? Затоа што ако вие не сте граѓаните целосно се свесни и многу добро проценија со кого си имаа работа изминатите 3 години.

 

Почитувани, не случајно Република Македонија е на самиот врв во светот по бројот на млади невработени лица. Со вакви кадри на функција во институциите состојбата нема воопшто да се промени.

 

Како младите да веруваат во подобра и поубава иднина, кога самите функционери на власта не веруваат во тоа?

 

Му порачуваме на Тошески и на сите од власта кои намалувањето на младинската невработеност го гледаат со испраќање на младите во странство, токму тие да ги напуштат удобните фотељи и да чекираат карти за работа надвор од Македонија, па  барем така еднаш нешто да сработат во своите животи и кариери.

 

На 12-ти април младите ќе расчистат и со Тошески и со Талески и со Јованоски и со сите вакви патолошки лажговци кои ја уништуваат државата и нашата иднина. Со вас е крај!“, изјави Златески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи