ВИДЕО – Прилепската гимназија дел од регионалниот проект за млади насловен како „Гласови“

Во Прилеп се спроведува регионалниот проект на млади насловен како „Гласови“, чиј носител е геолошко хидро-метереолошкото училиште „Милутин Миланковиќ“ од Белград, а партнери училишта се гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп и Првото средно стручно учичиште од Никшиќ, Црна Гора. Целта на проектот била младите од регионот преку креативна драма да научат и да се оспособат себеси за нормален живот во граѓанското општество и пред се за критичко размислување.

 

 

„Ние аплициравме за проект кој има за цел зајакнување на капацитетите на младите луѓе во Србија, Македонија и Црна Гора и во соработка на младите од Белград, Никшиќ и Прилеп очекуваме тие да бидат таа поубава приказна на регионот која ќе ги победи сите предрасуди, сите проблеми и сите недоразбирања кои постојат. Нашите очекувања веќе првиот ден се надминати. Ние бевме загрижени дали младите од Белград, Никшиќ и Прилеп ќе се разберат добро како граѓани кои треба да го градат општетсвото на здрави принципи. Тие толку се задружија, се засакаа и создадоа прекрасни пријателства и мислам дека проектот кој е под покровителство на регионалната канцеларија за соработка на младите – РАЈКО ја оствари својата цел во таа смисла, дека овие млади луѓе ќе градат едно поубаво општетство кое ќе се темели на разбирање, љубов и почитување на различните култури без предрасуди“, истакна Весна Војводиќ Митровиќ, професорка по српски јазиик во геолошко хидро-метереолошкото училиште „Милутин Миланковиќ“ од Белград.

 

Од секое училиште се вклучени по 6 ученици и по 2 професори. Тие во Прилеп се веќе една недела која е исполнета со работилници на креативната драма. Идејата не била младите да станат актери, режисери или сценаристи туку да се стекнат со критичко мислење. Исто така замислено е на крајот од проектот сите училишта заедно да создадат една претстава, која ќе биде креација на учениците.

 

„Она што се работеше интензивно, денеска е веќе 5-ти ден од оваа прва фаза на проектот, беа учење на драмски техники, драмски стратегии, главната цел беше како учениците да ги натераме да размислуваат на еден малку поинаков начин. Како производ на овие 6 дена, овие интензивни работилници, ќе биде онаа претстава која треба да произлезе во наредниот период. Само да нагласам дека овој таканаречен камп во Прилеп е првата фаза на проектот. Втората фаза на проектот ќе се оствари крајот на јуни месец, со тоа што трите училишта имаат цел да направат една претстава, за која немаме претходно подготвено сценарио, односно кое што децата сами треба да го подготват, да биде нивно гледиште како производ на поминатите работилници“, вели Кети Ефремоска, професорка по англиски јазик во гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

 

Завршниот дел на проекто ќе се одржи во Никшиќ каде ќе се одржат семинари и обуки за наставниците.

 

 

„Јас сум презадоволна од нашиот почеток, презадоволна сум од учениците и наставниците домаќини од Прилеп и нашите партнери од Белград од геолошко хидро-метереолошкото училиште „Милутин Миланковиќ“. И претставниците на „База Арт“ кои се уште еден наш партнер од Белград, тоа е здружение на уметници и тие се тука да ни помогнат да сето тоа се одвива вов најдобар можен ред“, додаде наставничката од Првото средно стручно учичиште од Никшиќ, Црна Гора.

 

И младите учесници во проектот се задоволни од реалиизираното.

 

„Овој проект нас ни помогна да ги споиме различните култури, различните јазици. Исто така да ја споиме уметноста и љубовта кон театарот. Мислам дека овој проект ни донесе на сите нас по нешто, некому помалку, на некого повеќе. Овој проект ни донесе многу поголеми искуства, знаење, грешевме, учевме едни од други, мислам најважно од се стекнавме големи пријателства, кои се надеваме дека ќе опстојат и ќе се одржи контактот“, рече Лора Штаргоска, ученик во гимназија „Мирче Ацев“.

 

„Задоволен сум премногу од ова, ги надмина сите мои очекувања, меѓу другото се разбира разликите, кои што ги спомна и Лора, се едни од главните причини овој проект што настана и како ние да го истакнеме тој внатрешен глас, бидејќи најчесто рушител на сите сонови е внатрешниот глас што останува и не е доволно истакнат во општеството и не застануваме зад него. Овој проект заедно со глума и уметност ќе ни помогне на некој начин да станеме подобри личности и лидери и да му помогнеме на сегашниот свет. Задоволен сум поради тоа што стекнавме нови пријателства, кои што никогаш нема да ги заборавиме“, додаде Александар Петрески, ученик во гимназија „Мирче Ацев“.

 

Сега учениците ќе треба да ја подготват театарската претстава.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи