Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, демантира дека во месец август имал средба со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во премиерската вила на Водно. Инаку според доказите од ПИ мерките ВМРО-ДПМНЕ обвинува веќе 2 дена дека Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев се вмешани во случајот „Рекет“ затоа што според нив Заев имал средба со Јанева, а неговиот брат со обвинетиот Зоран Кичеец.
Не е точно дека тоа се случило. Треба да ги проверат точно тие податоци и анализи како се обезбедени. Јас сум имал последна средба со Јанева во советот за реформи во правосудството во Владата, така што ова не е точно“, изјава Заев.