ВИДЕО : И Заев ветува изградба на автопат Битола-Прилеп-Велес вреден 600 милиони евра

Денеска ќе ја отворам прв пат темата по повод идејното решение за автопатското поврзување на Велес – Прилеп – Битола. Со нас е идејното решение кое го носиме изготвено. Ова денеска прес стопанствениците во Прилеп го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

 

Се работи за определба која што останува на државата во делот на автопатските решенија, би ја нарекол скоро единствена од ваков обем. Се работи за проект некаде вреден над 600 милиони евра, кој што имајќи во предвид дека Источна Македонија е автопатски решена, Западна Македонија ја решаваме со автопатот Кичево – Охрид, а знаете дека продолжува Кичево – Гостивар проширувањето. Останува централниот дел на нашата држава, кој не е важен само за Прилеп, важен е и за Скопје, Велес, Битола, но и за Ресен и Охрид, така да јас како Струмичанец ми треба едно 3 ипол часа да дојдам до Охрид, а со вакви решенија тоа ќе се намали на помалку од 2 часа“, кажа Заев.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи