ВИДЕО – Јакимоска: Пелагонија е изолирана, многу животи се загубија по патиштата и време е по 27 години да се поврзиме со остатокот од Македонија

Денеска Стопанската комора слави 98 години од своето постоење, импозантна е бројката и потврдува за тежината на таа институција. Имено во таа институција членови се сите компании кои носат додатна вредност во нашата држава и се многу битни за економскиот развој на државава, а истовремено доколку имаме здрав економски раст и развој, тогаш би можеле да имаме и подобра демократија. Ова денеска го истакна претседателката на Регионалната стопанска комора, Ирена Јакимоска, која посочи дека Пелагонија во моментов е изолирана, многу животи се загубиле по патиштата и време било по 27 години да се поврзе со остатокот од Македонија.

 

 

„Нашиот став и нашиот разговор денес ќе биде во контекст на нашето декларативно застапување на Регионалната комора во Прилеп и Битола, пред се во она што е клучно и најбитно, инфраструктурата. Време е, стварно е време после 27 години да ја поврзиме Пелагонија со остатокот на нашата земја и со она што значи нашите комшии. Во овој момент мора да декларираме дека сме изолирани, многу човечки животи се изгубени, а за мене не постои вредност, никаква економска вредност, ниту еден човеков живот и мора да се фокусираме малку да ја вратиме Пелагонија онаму каде што беше. Имено Пелагонија има капацитети да не храни сите, има капацитети за огромно влијание врз БДП и можеме сега и овде да се пофалиме со прекрасни компании, кои влијаат врз економскиот раст на нашата држава. Она што како институција, како Комора го бараме од нашата идна влада на нашата земја, е пред и се одговорност. Одговорност прво самите пред себе, а потоа одговорност пред институцијата или нашата работна задача што ја одржуваме, независно дали се работи за приватен сектор, или се работи за јавна институција“, истакна Јакимоска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи