Продолжуваат судирите на грчко-турската граница, многу полиција, специјалци, се употребуваат солзавец и водени топови

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Повторно избија немири на грчко-турската граница, кога бегалците се обидоа да поминат на грчка територија. Грчката полиција користи солзавец и водени топови за да спречи бегалците да се пробијат преку граничната линија, додека турските власти испалија солзавец на грчка територија, наведе „АП“.

 

Според Ројтерс, турската полиција испукала солзавец кон грчките полицајци кои ја чуваат оградата поставена на границата. Агенцијата Франс прес јавува дека грчката полиција испукала солзавец, а пукала и со водени топови во момент кога насобраните се обидувале да ја урнат оградата.

 

На тоа мигрантите возвратиле со фрлање камења, јавува репортерот од терен на АФП. Наскоро по инцидентот ситуацијата се смири и стотиците мигранти седнаа на земја извикувајќи „мир“, „слобода“, „отворете ги вратите“.

 

 

 

 

Истовремено, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, оддржуваат состанок за ситуацијата во Грција и Сирија.

 

Во текот на минатата недела, откако Турција продолжи да ги отвора своите граници кон Европа, илјада бегалци се обидоа да поминат од Турција во Грција преку источнниот копнен и морски пограничен појас.

 

Турција соопшти дека долж својата гранична линија распоредила околу 1.000 припадници на специјалните единици на полицијата, за да ја спречи грчката полиција да ги враќа бегалците кои успеале да стигнат на грчка територија.

 

Голем број бегалци во шатори чекаат можност да ја поминат границата, и покрај тоа што официјална Атина инсистира дека нејзините граници се затворени.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи