„Спелеологијата заслужува поголема афирмација, ќе внесам повеќе авантура, дружба, експедиции, спасителни акциии, соработка со странски клубови“

Работам на нов проект кој ќе донесе многу авантура, дружба, експедиции, спасителни акции, спелео информативни денови каде на сите овие настани како младите така и постарите генерации ќе можат да видат што значи да се биде спелеолог. Исто така веќе имаме многу добри контакти со европските земји кои стојат со голема поддршка за развојот на спелеологијата кај нас. Истакна за Инфо Компас во своето интервју новиот претседател на Спелеолошката федерација на Македонија, прилепчанецот Дарко Неданоски. Неданоски истакна и тоа дека Прилеп конечно ќе добие туристички пристапна пештера. Во игра биле две, пештерата Рамниште кај село Ореовец и Мелничка пешетера кај селото Мелница во Мариово.

 

Досега приматот за водење на Спелеолошката федерацијата го имаше секогаш Скопје, ова е мислам за прв пат нејзин прв човек да биде некој од друг град. Ќе докажете дека една Федерација може да се раководи како што треба, а да не си од главниот град?

 

Да, досега приматот на Федерацијата од 2002 година е Скопје. Апсолутно ќе докажеме дека федерацијата ќе се раководи во најдобар ред и Прилеп како претседателство уште повеќе ќе работи на професионалностна, обученоста и ќе го кренеме нивото како на научно истражување така и во спасувањето, да бидеме пример во регионот и пошироко.

 

Во каква состојба се наоѓа Спелеолошката федерација во моментов и кои ќе бидат вашите први чекори како нејзин претседател ?

 

Моите први чекори се да поставам добри темели на кои наредните генерации ќе имаат многу подобри услови од тие кои што сум започнал јас и да бидат уште подобри од нас, да се обноват сите клубови и да започнат со нови уписи, започнување со спелеолошки кампови како за млади така и за научни истражувања, започнување со многу високо и професионално однесување кон спасувањето и членство кон Европската асоцијација за спасување кое треба да го потпишиме оваа есен.

 

 

 

 

 

Напоменавте дека ќе се залагате за обновување на голем број спелеолошки клубови во Македонија, каква е моменталната ситуација на ова поле, и колку активни спелеолошки клубови имаме ?

 

Моментални имаме 6 активни клубови, веќе разговарав за оформување на уште еден клуб кој ќе започне во постапка на членство во федерацијата. Периодов работам напорно за започнување на нов проект кој ќе биде за упис на нови членови на регион на цела држава.

 

Како планирате во иднина афирмација на спелеологијата како кај помладата популација, но исто така и кај постарите ?

 

Најпрво со организирање на Инфо Спелео Денови каде ќе им презентираме на сите оние заинтересирани што се опфака спелеологијата, кои се нејзините активности, каде и како исражуваме и сл. Со креирање на спелеолошки кампови, едикативни програми, експедиции, семинари и сл.

 

Работам на новиот проект кој ќе донесе многу авантура, дружба, експедиции, спасителни акции, спелео информативни денови каде на сите овие настани како младите така и постарите генерации ќе можат да видат што значи да се биде спелеолог. Исто така веќе имаме многу добри контакти со европските земји кои стојат со голема поддршка за развојот на спелеологијата кај нас.

 

 

 

 

 

Што се случува со пештерите во Македонија, освен што се архива на историјата низ милениуми тие од друга страна се и можност за развој на туризмот, што некако кај нас и не е многу развиен ?

 

Пештерите во Македонија пополека завземаат свое место, да тие долго време не беа промовирани, не се истражување, но изминатите години работите почнаа да се менуваат кон подобро, работиме напорно, истражуваме, документираме, картираме, сето тоа го пренесуваме на меѓународните експедиции, семинари, и се повеќе е зголемена заинтересираноства од странските клубови да дојдат и соработуваат кај нас за развојот на туризмот, науката и сл.

 

Колку пештерите се уредени за туристи во нашата држава и што се планира на ова поле во иднина ?

 

Моментално мал број на пештери се уредени за посета на туристите, тоа е уште една тема на која се обрнува многу внимание, но полека работиме и на тоа. Се поголем е бројот на странци кои сакаат да ги посетат нашите пештери, а уште поголем е бројот на тие што сакаат да истражуваат нови пештери и пропасти, затоа што Македонија е богата со многу голем и стар карст каде што имаме многи не истражени пештери.

 

Колку пештери и пропасти имаме вкупно во Македонија и колку од нив се истражени ?

 

Истражени се околу 400 објекти, а има уште многу на кои допрва ќе работиме.

 

Дали Прилеп во иднина може да добие некоја туристички уредена пештера, односно пристапна за туристи ?

 

Да, Прилеп ќе добие таква пештера која ќе биде туристички уредена и отворена за сите оние кои што никогаш не биле во пештера да дојдат да видат какво е чуството да се биде длабоко во земјината утроба и да го истражи тоа во себе. Има две потенцијални пештери во игра за туристичко уредување. Тоа се пештерите, Рамниште кај село Ореовец и Мелничка пешетера кај селото Мелница во Мариово. Се уште не сме одлучиле која прва ќе се уреди.

 

 

 

 

 

Освен спелеологијата, овие клубови кај нас, особено СК „Златоврв“ од Прилеп имаат амбиција да прераснат и во спасителни служби. Како се одвива овој процес засега ?

 

Да ние веќе како што знаете извршивме две високо професионални вежби за спасување во урбана стредина тоа беше од 13-катницата во Прилеп и во рурална стредина во местото Шаторов Камен. Во процес сме на основање на спасителна служба во Прилеп која ќе биде подготвена да дејствува во било какви услови и во било кое време на секаков терен на територијата на Прилеп и пошироко односно секаде каде што има потреба, вежбаме напорно со цел да бидеме уште подобри и нашиот квалитет и знаење да го споделиме со јавноста. И мило ми е што откако ги завршивме двете вежби добивме голема подршка од граѓаните на Прилеп кои ја пропознаја големата потреба дека нашиот град има голема потреба од ваква спасителна служба

 

 

 

 

Еден од поголемите приоритети ќе биде и членството во Европската комисија за спасување ?

 

Да, голем е приоритетот да се придружиме и ние во Европската асоцијација на спасување уште поголема е потребата да Македонија добие ваков тим кој е обучен да направи спасување под земја, затоа што спасувањето под земја е најкомплицираното и најтешкото спасување бидејќи сме длабоко внатре, немаме услови за возила, хеликоптер, немаме на располагање луѓе и уште многу МТС. Веќе започнавме процедура за постапка за членство во Европската асоцијација за спасување, каде оваа есен Македонија официјално ќе биде членка.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи