Апел до граѓаните на Општина Прилеп :
- Се апелира до сите граѓани да го намалат движењето во институциите, освен за итни и неодложни работи.
- Се апелира до сите граѓани на општина Прилеп, движењето надвор од своите домови да го сведат на минимум, единствено за неодложни и итни потреби. Особено да се избегнува посета на угостителски објекти, паркови, отворени и затворени простори со капацитет за собирање на поголема група на луѓе.
- Упатуваме апел до граѓаните на општина Прилеп, информациите поврзани со новонастанатата ситуација со COVID-19 (корона вирус) да се црпат исклучиво од Министерството за здравство, поради тоа што лажни информации креираат паника меѓу населението.
- На сите лица кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и на граѓаните кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, им се препорачува да се јават на следните броеви:
Центар за јавно здравје – Прилеп: +38976475747
Повикувачки центар „Ало докторе“: 02-15-123