Косово прогласи вонредна состојба на јавното здравство

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Албин Курти го одобри барањето на Министерството за здравство да прогласи вонредна состојба на јавното здравство на цела територија на Косово. Курти објави дека сите институции на Владата на Република Косово треба да постапуваат во согласност со националниот план за одговор, а Министерството за здравство е одговорно за итно управување со јавното здравство. Одлуката стапи на сила веднаш.

 

Ова следува откако беа потврдени уште четири нови случаи на коронавирус во Косово, со што бројот на заразени во Косово од Ковид-19 се искачи на 9. Одлуката за прогласување на вонредна состојба ја побара Министерот за здравство Арбен Витиа.

 

„Заедно со претходните случаи, сега во Косово имаме девет потврдени позитивни случаи со Ковид-19. Поаѓајќи од создадената ситуација и со цел заштита на здравјето на населението, штотуку побарав од премиерот Албин Курти да ѝ предложи на Владата прогласување вонредна состојба за јавното здравство“ – напиша на својата Фејсбук страна Арбен Витиа.

 

Во петокот беше објавено дека во Косово се откриени првите два потврдени случаи на носители на коронавирусот, и тоа во градовите Витина и Клина, а вчера се појавија уште три нови заразени, меѓу кои и жената од Малишево. Сите овие три општини Владата ги стави во карантин, односно ја забрани нивната посета и напуштање од страна на граѓаните.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи