Британското кралско семејство објави дека вечниот престолонаследник, 71-годишниот Принц Чарлс бил позитивен на тестот за коронавирус, дополнувајќи дека тој се чувствува добро.
„Тестирана била и Камила, меѓутоа таа не го немала вирусот. Според кралското семејство двајцата моментално се во самоизолација во замокот Балморал, во Шкотска. Чарлс последните неколку дена е таму и работи од таму.Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката сега се во самоизолација во нивниот дом во Шкотска. Тестовите се извршени во Абердиншајр во Шкотска, и се според сите медицински критериуми за тестирање. Невозможно е да се утврди од кого принцот го има префатено вирусот, имајќи ги предвид бројните активности што ги имаше во јавноста во изминатите недели,“ се наведува во официјалната изјава на кралското семејство.