Корона-кризата многу ги оптоварува ментално граѓаните. Затоа научниците предлагаат поразбирлива комуникација и едукација со нив и поттик на сопствената одговорност во справувањето со ситуацијата. Освен тоа, би требало да има повеќе отворени телфонски линии и служби за помош. Во документот се фалат француските мерки во овој дел, каде во супермаркетите и аптеките има места за пријавување домашно насилство и за други семејни итни ситуации.
И ние Македонците треба да прифатиме нешто од ова, да се адаптираме на нашата реалност, а таа е дека немаме навика за миење на раце, нозе, заби и културна комуникација.
Кај нас во Македонија состојбата е покомплицирана зошто еден голем број на здрави животни навики, не се содржани во наставно-воспитниот процес на деца.
Јас би предложил On -line настава да почне да се занимава со тоа. Имаме армија на наставници кои збунето седат дома и приморани се од заспаните инспектори да го средуваат електронскиот дневник. Сега не е време за учење на дропки, стихотворби или како амебата се размножува.Под хитно да се воведе предметот ЗДРАВЈЕ.
Сите наставно-воспитни кадри да се занимаваат со обука на децата во елематарно одржување на хигиена, држење на дистанца, начин на комуникација , воведување на здрави стилови на исхрана кои ќе го потикнат имунитетот, почитување на постарите и изнемоштените. Многу се важни одделенските наставници и професорите по физичко воспитување, Нивната комуникација треба да биде непречено секојдневна .
Од друга страна Стопанската комора наместо да се бави со ребаланси и проценки на рецесии, Team-building програми, треба да ги обучи менџерите, на почитување на мерките за заштита на работникот, зошто со затварање на нивните фирми поради заболени, ќе го изгубат бизнисот и ќе се изгубат работните места.
Има Македонија во здравствениот систем служби со медицина на трудот и професионални заболувања.Во нивните систематизации постои и кабинет за советување. Прашам како се тие вклучени во овој систем на заштита? Едноставно немаат програми, а имаат психолози и специјалисти кои не се соодветно ангажирани на терен.
Да се осврнам и на Центрите за социјална работа и дали истите имаат програми да ги контактираат лицата кои се во самоизолација, да ги скенираат нивните потреби, да ги прашаат за нивните проблеми , за да на некој начин им дадат подршка и ги охрабрат. Тоа досега не сум го чул.
Едукацијата сега во оваа фаза на пандемијата е главен фактор во олабавување на мерките , зошто ако не ја примениме, ни здравствените работници неможат да не спасат. Имаме кадри имаме енергија и матерјал за работа, Па драги универзитетски професори, наставници и едукатори, не филозофирајте туку фатет есе за работа.
Неможеме се да чекаме на Кризниот штаб и Министерот Филипче . Оние глупави новинарски прашања од типот колку респиратори има во државава,нема да ни го заштитат нашиот народ.
Автор : Јован Велески, специјалист по медицинска психологија.