Во изминативе неколку недели во време на корона вирусот ЦК за култура „Марко Цепенков“се грижи за граѓаните да го поминат полицискиот час во поведро расположение презентирајќи им он лајн теартски претстави , концерти, исечоци од концерти, уметнички лирски интермеца и друго.
Посетителите на ФБ и веб страната на Центарот досега он јал можеа да ги видат претставите „Тапани во ноќта“, „Швејк во втората светска војна“ и двете во режија на Мартин Кочоски, потоа претставите за деца „Јунаците од бајките“ и „Мачорот во чизми“.
Вечерва погледнете ја претставата „Кавкаскиот круг со креда“ во режија на Мартин Кочоски.