Со видео рецитирање на безвременската „Бели Мугри“ гимназијалци го честитаа Денот на македонскиот јазик и македонската азбука

 

 

Јазикот е суштина, јазикот е темел. Оттука, 5 мај можеби е еден од најзначајните датуми поврзани со македонскиот јазик, азбука, државност.

 

Во борбата за зачувување, зајакнување и промовирање на македонскиот јазик се приклучија и учениците од нашето училиште, поточно учениците од III година кои под менторство на професор Мартин Наумоски креираа 30 минутно аудио-визуелно парче на кое ја рецитираат безвременската “Бели мугри” од Кочо Рацин.

 

Станува збор за аматерски видео клупови кои по многу нешта не се совршени, но вистински исполнети со емоција, непосредност и посветеност. Впрочем, сите ученици беа доброволци за овој проект што дава посебна тежина на истото.

 

 

Сите аплаузи за учениците Лора Штаргоска, Кристина Каламукоска , Веселина Јованоска, Ангела Велеска, Нина Коцеска, Ангела Петроска, Тамара Илиоска, Дивна Пеоска, Марија Ацеска, Ненад Јакимов, Димитар Шопески, Трајче Илиоски, Даниела Димитриоска, Бојан Станојоски, Марко Спиркоски, Ева Спиркоска, Деспина Миноска, Вероника Кукеска, Марија Тасеска, Марија Ристеска, Благица Ангелеска, Афродита Петкоска, Марија Николовска, Матеа Томеска, Георгина Ѓорческа, Васе Колароска, Елена Павлеска, Фросина Талеска.

 

Благодарност и за Давид Јорданоски за трудот во реализацијата на ова видео.

 

Посебна благодарност и до поранешниот гимназијалец Бојан Илиески за несебичната поддршка и изработка на техничкиот дел.

 

Наша е оваа чест. Се надеваме дека ќе уживате и ќе го негувате нашето богатство, нашиот јазик и нашата литература.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи