Казна од 3.000 евра за крушевчанка која лажно се претставувала како полицаец

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Крушево поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица.

 

Едниот обвинет се товари за продолжено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска  член 45 од Кривичниот законик. Тој во повеќе наврати не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, за што е предложена парична казна од 70 дневни глоби со вредност на глобата од 30 евра во денарска противвредност.

 

Против второто лице, пак, предлогот за издавање казнен налог е поднесен заради продолжени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 во врска со член 45, како и „лажно претставување“ од член 391 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

 

Имено, обвинетата, затекната при прекршување на полициски час, на овластените лица им се претставувала дека е полициски службеник. За неа Обвинителството предложи парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи