Во моментот 63 активни случаи имаме, 7 се кластери и нив ги следиме од 1 мај, бидејќи следењето од 14 дена на позитивните и на нивните контакти од датумот на последниот контакт трае 14 дена. Истакна епидемиологот Татјана Станимировиќ.
„Значи следиме 7 активни кластери, од 1 мај имаме 7 заболени лица со место на живеење во населбата Тризла, 5 лица се од 2 фамилии, додека останатите се од други семејстава. За едно заболено лице можеме да кажеме дека потекнува од кластер од една фабрика во градот, додека за другите за еден кластер од почетокот на мај се фамилијарни 3 контакти, не можевме тука изворот, првиот контакт од каде тој се заразил не можевме да го најдеме. Така да не би рекла дека се случува нешто драматично во Тризла, тие се луѓе вработени, во работен однос од овие фамилии, кои што работат во различни фирми во градот. Ги следиме исто нивните контакти, активен надзор се врши над нив, како и над сите останати со секојдневно контактирање и следење на здравствената состојба и можам да кажам дека во моментов сите тие контакти ни се изолирани“, додаде Станимировиќ.