Во општина Прилеп денеска се евидентирани 4 нови случаи на КОВИД-19, а од заразната болест оздравени се две лица.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 21 лице, од кои 16 се позитивни на коронавирус. Двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка, а заради потешката клиничка слика, еден пациент ќе биде испратен на Клиничката болница во Скопје. Во делот за изолација се наоѓаат 5 пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 160 лица. Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.
134