Пронајдена најстарата и најголема градба на древните Маи во Мексико

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Меѓународен тим истражувачи ја открил потенцијално најстарата и најголемата градба изградена од античката цивилизација на Маите во џунглата во југоисточно Мексико.

 

Зградата, која потсетува на вештачка висорамнина (плато) и за која се верува дека е изградена околу илјада години пред новата ера, е долга околу 1.400 метри, широка 400 метри и висока 10 до 15 метри. Ова го открил тим научници предводени од археологот од Универзитетот во Аризона Такеши Интомат пренесе Асошиејтет прес (АП), повикувајќи се на британското научно списание „Природа“.

 

Платото, за кое се верува дека се користело за ритуали, било откриено со ласерско скенирање од воздухот меѓу 2018 и 2020 година, по што следеле ископувања.

 

Археолозите ја лоцираат изградбата на платото помеѓу илјада и 800 години п.н.е., изјавувајќи дека тоа е најстарата монументална градба досега пронајдена на територијата на Маите и најголема во целата пред-латиноамериканска историја на регионот.

 

Цивилизацијата на Маите, позната по својот софистициран систем на пишување, како и математички и астрономски откритија, го достигна својот зенит околу илјада години пред новата ера во Мезоамерика, вклучувајќи ја и денешната Гватемала и делови од Мексико, но нејзиното потекло останува мистерија, пренесува Танјуг.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи