Ракометниот клуб Прилеп се засили на голманската позиција, ангажирајќи го Грузиецот Зураб Цинцадѕе.
Цинцадзе е стандарден репрезентативец на Грузија, за која има запишано 77 настапи, а во Прилеп доаѓа од екипата на Сту-Имеди, Грузија.
Цинцадзе ќе претставува големо засилување на прилепскиот клуб и се очекува да биде еден од главните адути на стратегот Горан Кузманоски, кој по дведецениската играчка кариера реши да се проба и во тренерските води.
Цинцадѕе е второто засулување на Прилеп со кое клубот амбициозно влегува во новата сезона на Супер-лигата, со желба да се вмеша во борбата за висок пласман.