После ангажманот на искусните Горан Кузманоски, голманот Зураб Цинцадзе и крилото Реваз Чантурија денес Прилеп се засили со млад и перспективен ракометар.
Се работи за Сашко Манчески, кој како што велат од клубот, бил ангажиран по иницијатива на Горан Кузманоски кој ги препознал неговите квалитети и способности. Манчески е млад ракометар роден 2003-та година, доаѓа од екипата на Рк Макалоски. Станува збор за играч на позицијата кружен напаѓач.