РК Прилеп се засили со крилата Бикоски и Амзоски

 

 

Тимот на РК Прилеп повлече уште еден потег за следната сезона во која ќе игра во најсилната ракометна лига во нашата земја.

 

Составот на Прилеп потпиша нови договори со Христи Бикоски и Алија Амзоски кои одиграа важна улога за влезот на оваа екипа во Супер Лигата. Бикоски и Замоски кои играат на позицијата десно и лево крило се обврзаа на двегодишна соработка.

 

Претходно клубот се засили со поранешниот македонски репрезентативец Горан Кузманоски кој ќе ја има улогата на тренер-играч, потоа со грузиските интернационалци Зураб Цинцадѕе и Реваз Чантурија како и со кружниот напаѓач Сашко Манчески.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи