Саудиска Арабија нема да прима странци на годинешниот аџилак, бројот ограничен на само 1.000 верници

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

За прв пат во поновата историја Саудиска Арабија ќе го ограничи бројот на верниците на Хаџ на околу 1.000 за да се спречи ширењето на коронавирусот, откако им забрани на муслиманите од другите земји да доаѓаат на аџилак.

 

Министерот за хаџ, Мохамед Бентен, на прес-конференција изјави дека аџиите ќе бидат избрани според строги здравствени критериуми. На оние над 65 години им е забрането учество во хаџот оваа година.

 

Околу 2,5 милиони муслимани годишно ги посетуваат светите места во Мека и Медина во текот на неделата на Хаџ. Годинава аџилакот треба да започне кон крајот на јули, а секој муслиман треба да го стори тоа барем еднаш во својот живот.

 

„Кралството Саудиска Арабија сака да им овозможи на сите муслимани од различни националности да доаѓаат на Хаџ, но глобалните здравствени околности нè принудија да направиме исклучок годинава“, изјави Бентен.

 

Бројот на заболени од коронавирусот во Саудиска Арабија надмина 160.000, починале 1.307, а бројот на нови инфекции е зголемен во последните две недели.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи