ВИДЕО – Заев: За 3 години видовме што значи да се гради, патишта наместо барок, ја реконструиравме инфраструктурата што 5 децении беше недопрена

За 3 години видовме сите што значи да се гради по план, патишта, инфраструктура и капитални објекти кои за луѓето живот значат од една страна, и барок, стиропор и провизии од другата страна. Патишта изградени во времето на Тито, за време на бивша Југославија беа заборавени десетици и десетици години и оставени да се распаѓаат пред очите на народот. Ние тоа го запревме. Ова денеска во Прилеп го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

„Еве ме денеска во Прилеп на патот до вештачкото езеро, област која е особено важна за прилепчани. Знам дека нема прилепчанец што не поминал десетици, стотици пати на овој пат. Затоа сум особено горд што нашата одговорна власт го реконструираше со нов асфалт патот до Прилепското езеро. Ова е прв пат да се реконструира овој пат изграден уште од времето на Тито и бившата СФРЈ.

 

Ние ја реконструиравме инфраструктурата што цели 5 децении стоеше недопрена и оставена во заборав на режимот. Дека градиме по план, за денес и за утре говори и овој капитален проект позади мене. Изградивме модерен, функционален ИКТ центар за потребите на МВР. Ова е значаен капитален објект од важност за целата држава, лоциран токму овде во нашиот Прилеп. Овој проект финансиран од нашите партнери од ЕУ и со државни пари е значаен за безбедноста, за зачувување на интересите на граѓаните и интересите на Република Северна Македонија, бидејќи во случај на катастрофи дигиталните податоци ќе може да се зачуваат тука и системот да функционира без проблеми.

 

Сериозни зафати се изведени и на самото вештачко езеро, каде се реконструира и се прави реконструкција на темелниот испуст на браната, кој не бил променет уште од 60-тите години на минатион век. Се решава децениски проблем за земјоделците од овој регион. Сега земјоделците од Прилеп и прилепско имаат доволни количини на вода за наводнување на земјоделските површини.

 

Почитувани, овде во Прилеп, но и низ целата држава на дело ја гледаме посветеноста на СДСМ да ги решава децениските проблеми, да го унапредува квалитетот на живот на сите граѓани. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои нудат единствено обнова на режимот. Ние носиме одлуки и решенија во интерес на граѓаните и државата.

 

Затоа нема сомнеж дека на 15 јули граѓаните ќе одбера да продолжиме по правиот пат и нема да дозволат обнова на режимот. На 15 јули бираме обнова на патишта, обнова на инфраструктура, обнова на сите капитални проекти кои што се останати, но и изградба на инфраструктура, патишта, водоводи, канализации, гасификации и секој вид на друга инфраструктура, а не обнова на режимот“, рече Заев.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи