Уметничко лето ЦСЛУ-Прилеп 2020 – Physical distance

 

2020 година не доби тек каков што очекувавме и планиравме. Имавме планови се разбира и за оваа година, како и сите други, но некои работи не зависат од нас. Тешко е да се прилагодиш, посебно ако си навикнат на брз ритам и континуирана ангажираност, но некогаш треба да се искористи одморот и покрај тоа што е принуден. Имавме време да го поминеме шокот и да размислиме како понатаму. Кај нас проблемот е поголем затоа што настанот има интернационален карактер. Ние секоја година соработуваме со уметници од целиот свет, една од поважните наши цели е и  вмрежување на уметниците и отворање нови можности за нивна приватна и деловна комуникација. Моравме да се реорганизираме и да пробаме да се приспособиме на можностите и условите.  Проектот со кој се враќаме на работа „Уметничко лето ЦСЛУ-Прилеп 2020 – Physical distance“,  ја покажува нашата јасна порака, за нас социјалната дистанца е неприфатлива, но физичката ќе ја испочитуваме за доброто на сите и ќе се водиме по новите правила за сигурен тек на животот.

 

Официјалниот датум за старт на проекот ќе биде 01/07/2020, а ќе се реализира во  форма на Ликовни работилници на кои ќе земат учество 15 уметници од Прилеп и другите градови:

 

Интернационална сликарска колонија :

 

  • Мирослав Величковски-Мире, Куманово
  • Дејан Божиновски-Коска, Куманово
  • Наде Тоскоска, Прилеп
  • Драган Михајлоски-Пижа, Прилеп
  • Елена Димоска, Прилеп
  • Маја Најдоска, Прилеп
  • Ферди Булут, Прилеп
  • Сандра Котевска, Битола

 

Интернационален скулпторски симпозиум во мермер „МЕРМЕР“:

 

  • Александар Наумоски, Скопје
  • Филип Перески, Прилеп

 

Интернационално студио за пластика во дрво:

 

  • Владимир Симоновски, Битола

 

Интернационално атеље за скулптура во метал:

 

  • Марјан Стојаноски, Прилеп

 

Интернационално атеље за дигитална уметност:

 

  • Марија Стојаноска Петковски, Скопје
  • Џошкун Алиевски, Скопје
  • Дарко Талески, Прилеп

 

 

Оваа година ќе ги избегнеме интернационалните учесници за да не се отворат проблеми кои можат да бидат предизвикани од мометалната состојба што на глобално ниво ја предизвикува постоењето на вирусот COVID-19.  Учесниците  ќе престојуваат и творат во просториите на ЦСЛУ во Прилеп во период од 60 дена. Периодот на творење и престој во просториите е зголемен на 60 дена за да може полесно да се организираат учесниците и да можат да ги почитуваат протоколите, физичката дистанца како и заштитата од COVID-19, ќе имаат можност доколку сакаат делата да ги работат во домашни услови, таа можност е отворена за уметниците од другите градови, но ќе ја искоритат и дел од уметниците од Прилеп. Во овој период ќе се дружат и ќе ги создаваат уметничките дела кои ќе останат како производ од овој проект.

 

 

ЦСЛУ-Прилеп и оваа година ќе го одржи континуитетот и ќе ги почитува потребите на уметниците, ќе овозможи простор за работа и непречена креација на нашите учесници, кои крајниот производ ќе го поклонат на љубителите на уметноста. Уметноста и кутурата во вакви времиња трпат големи загуби, но во нашата држава години со ред, ликовната уметност се соочува со големи проблеми за опстанок и појавата на оваа вонредна состојба предизвикана од вирусот COVID-19, доколку не се менаџира добро може во оваа област да предизвика трајни и големи последици посебно во независната културна сцена од овој тип. Прилагодувањено на моменталните потреби е повеќе од важно за да може да се одржи континуитет и да се подобрат условите посебно кај ликовните уметници. Конечно треба да им се овозможат услови да можат да продолжат со својата работа и да го одбележат времето во кое ние живееме. На крајот уметноста е таа која остава белег и не презентира пред идните генерации.

 

 

Нема да биде изоставена и годишната изложба која   во Прилеп во галеријата на ЦСЛУ-Прилеп  се одржува секоја година и на истата ќе бидат презентирани уметничките дела создадени за време на овој проект. За жал нема да има официјално отворање и ќе биде достапна за посета на интернет како on-line изложба, а за посетителите во самиот објект ќе има обезбедено заштитна опрема и дезинфекциски средства и истите ќе можат да ја посетат со почитување на протоколите за физичко растојание и заштита од моменталната состојба предизвикана од постоењето на вирусот COVID-19 на глобално ниво.

 

 

Од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија (една од најстарите во Југо-Источна Европа), па се до денес имаме континуирано ликовно творештво кое  низ текот на годините Центарот за современа ликовна уметност успешно го негува и промовира преку формирање на нови Интернационални ликовни работилници (студија за уметничко изразување преку различни материјали и форми), атељеа за скулптура во мермер, метал, дрво, керамика, пластика, мозаик, графика, витраж, уметничка фотографија, meil-art, body painting  и новата гранка digital art која стартува оваа година и е прилагодена на новонастанатата состојба предизвикана од вирусот COVID-19.

 

 

ЦСЛУ-Прилеп постојано работи на поттикнување и унапредување на ликовниот израз во насоки на социјално одговорна уметност, која води сметка за актуелниот момент во општеството и уметноста.  Топира нови трендови во уметноста, истовремено збогатувајќи го фондот на уметнички дела, трендови, стилови во уметноста, материјали од кои се изработуваат делата, и предизвикува нов простор за ликовен израз со уметничко-ангажирана содржина. Продолжува континуираната традиција на слободно уметничко изразување кое  на крај резултира со готов уметнички производ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи