163 нови случаи на ковид-19 од направени 1074 тестирања

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-70, Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-1, Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1, Ресен-1.

 

Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.

 

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 2800, активни 1862 • Куманово 725, активни 269 • Дебар 89, активни 37 • Штип 304, активни 182 • Прилеп 242, активни 21 • Тетово 628, активни 371 • Струга 193, активни 111 • Велес 173, активни 30 • Битола 45, активни 15 • Охрид 140, активни 116 • Кавадарци 14, активни 8 • Гостивар 102, активни 61 • Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 14, активни 10 • Крива Паланка 15, активни 9 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 6, активни 3 • Кочани 66, активни 29 • Пробиштип 14, активни 9 • Демир Хисар 1, активни 0 • Македонски Брод 3, активни 1 • Пехчево 5, активни 2 • Берово 2, активни 1 • Валандово 6, активни 4 • Виница 3, активни 0 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 4, активни 1 • Свети Николе 24, активни 22 • Кичево 16, активни 12 • Ресен 89, активни 85 • Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

Направените 1074 теста се преку: ИЈЗ –476, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –104, Биотек –69, МАНУ -116, Жан Митрев (Филип Втори) -148, Судска медицина-11, Систина со PCR метода -114 и ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на ковид и 15 возрасни позитивни пациенти.

 

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи