Седум вработени во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп позитивни на ковид-19 – ги заразила болничарка

 

Болничарка вработена во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп инфицирала уште шест свои колеги со коишто работела, други болничарки и медицински сестри. Заболената болничарка ги криела симптомите и продолжила да оди на работа. По нејзина хоспитализација, извршено е тестирање и потврдено дека уште 6 други вработени се позитивни на корона вирусот, пренесува „Сител“.

 

„Точна е информацијата дека во овој оддел има заболени лица од Ковид-19. Дополнително ќе информираме за другите мерки што ќе бидат преземени. Во последните 24 часа евидентирани се 7 новозаболени, од нив 4 од гинеколошкиот оддел“, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Прилеп.

 

По стивнувањето на пандемијата одреден период, бројот на новозаболени во Прилеп почнува повторно да расте.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи