Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список. Право на глас на претстојните парламентарни избори на 15-ти јули имаат 1.814.263 милион граѓани.
Од нив во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.729.189 гласачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои се на привремена работа или престој во странство, се запишани 83.054 гласачи, 1.657 гласачи се во затвор или притвор, додека 357 гласачи се во старски дом.
Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се водат како внатрешно раселени лица се запишани 6 гласачи.
Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош.