СВР Битола – ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп, поднесе кривична пријава против Б.А.(64) од Прилеп, раководител – директор во НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Пријавениот, во периодот од 02.10.2019 се до денес, без одлука на надлежен орган, на Леарница од Скопје самоицијативно предал на реверс склуптура (исечена на парчиња) со назив „Жртви на фашизмот “, која била спомен обележје на стреланите борци од бугарскиот фашистички окупатор во с. Дабница, прилепско и била под заштита на НУ Завод и Музеј –Прилеп.
По извршената реставрација, склуптурата не е вратена во НУ Завод и Музеј-Прилеп. Претходно, на предлог на градоначалникот на општина Прилеп, Советот на општина Прилеп донесува одлука на 10.09.2019 со која се предвидува реставрација на бронзената статуа на предметниот споменик, односно одлука за јавна набавка за „Заварување на споменикот и реставрација на бронзената склуптура и изработка на калап и одливка на копија од статуата“.
После тоа, на 05.11.2019 била спроведена постапка за јавно надавање и отварање на понуди по електронски пат, но ниту еден економски оператор не поднел понуда. После тоа, градоначалникот на општина Прилеп донел Одлука за поништување на набавката. Во меѓувреме, пак, пријавениот без одлука на надлежен орган, на реверс ја предал на леарницата од Скопје заради извршување на реставрација.
Реконструираната одливка склупторот ја подарил на општина Прилеп за да биде поставена на местото каде некогаш стоела оргиналната склуптура, а била предадена со Договор за дар заведена на нотар. Додека пак, оргиналната скулптура до денеска не била вратена на НУ Завод и Музеј-Прилеп“, велат од МВР во соопштението.