ВИДЕО – Мицкоски: Автопатот Скопје-Прилеп-Битола ќе го подобри квалитетот на животот и бизнисот во Пелагонија

Со стопанствениците од Прилеп денеска зборувавме за предизвиците со кои денеска се соочуваат луѓето од реалниот сектор овде во Прилеп, кои се членки на Регионалната стопанска комора. Претставниците на компаниите ни ги презентираа нивните гледишта, анализиравме дел од политиките и предлозите кои шти ВМРО-ДПМНЕ ги предлага во оваа изборна програма, кои што понатаму ќе бидат дел од програмата на владата. Рече по средбата со членовите на Регионалната стопанска комора Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Пред се тука како главен адут го споменавме и автопатот кој би се изградил од Скопје преку Прилеп, Битола, до границата со нашиот јужен сосед, нешто што е дамнешна желба на жителите на пелагонискиот крај, на прилепчани, но и на останатите. Цениме дека овој инфраструктурен проект во многу ќе го подобри квалитетот на живот, ќе ја подобри комуникацијата и условите на бизнис заедницата овде во Прилеп и Пелагонија во целост.

 

Потоа зборувавме за политиките во делот на земјоделието, со акцент на тутунот и тутунопроизводителите. Зборувавме и за реформите во делот на образованието, администрацијата, дигитализацијата, фискалната политика, поддршката, така што ценам дека имавме навистина корисна средба, на која што ние можевме да се презентираме и да имаме одредена интеракција со стопанствениците од градот Прилеп“, истакна Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи