Детската едукативна интерактивна претстава „Дружината на Лајко Сезнајко”, која е дел од проектот „Животните од фармата“, реализиран од Здружението „Видливост“ од Струмица, а финансиски поддржан од Општина Струмица, в недела ќе се игра во Прилеп, информираше актерката Јулија Милкова.
„Како дел од одржливост на проектот, кој беше реализиран во 2018 година, деновиве претставата се обновува за да учествува на театарскиот фестивал за деца „Силијан Штркот“ во Прилеп, рече Милкова.
Претставата досега e одиграна пред деца во градинките во Струмица и ученици во основните училишта, а гостуваше во Валандово и Радовиш.