Промовирана книгата „Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење“ од Каролина Мицевска

 

 

На летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше промовирана книгата „Односите со јавноста, социјалните мрежи и јавното мислење“ од Каролина Мицевска, долгогодишен новинар, а сега повеќе години вработена во Центарот за култура за односи со јавноста. 

 

Темата „Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење“, многу битна за секојдневното функционирање на општеството, според авторот Мицевска, досега на овој начин ретко третирана, како спој на сите сегменти, побудува постојан интерес.

„Кога ја бранев магистерската, социјалните мрежи беа вистински „бум“. Луѓето повеќе ги следеа, и ги следат социјалните мрежи отколку традиционалните медиуми кои со години беа изворот на информирање, на формирање на јавното мислење. Сакав да го спојам она што го работам во секојдневието, односите со јавноста, Истражувањата покажаа дека е огромно влијанието на социјалните мрежи и на односите со јавноста врз јавното мислење. Евидентно е дека луѓето го градат своето мислење од она што ќе го прочитаат, видат, на социјалните мрежи. Изненадувачки беше дека многу образовани луѓе се на социјалните мрежи. Сите побрзо доаѓаат до информации, но има и негативно влијание. Нo треба да се разграничуваат тие информации“, вели Мицевска.

 

Промоторот, професор д-р Андон Мајхошев од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип потврдува дека она што ќе се види и прочита на социјалните мрежи го формира јавното мислење кај значаен дел кај граѓаните, па се отвора прашањето: До каде лажни вести го формираат јавното мислење.

 

„Тоа се третира и во книгата, а многу е битно за да не биде така во основното образование да се воведе предмет „медиумска писменост“, вели Мајхошев.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи