Внук на Пабло Ескобар пронашол 18 милиони долари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Внук на покојниот шеф на колумбиски наркокартел Пабло Ескобар открил една од неговите скривници со 18 милиони долари.

 

Николас Ескобар скривницата ја пронашол во неговата куќа во Меделин, градот во кој беше седиштето на Ескобар и неговиот картел.

 

Внукот кажал дека „укажување“ го довело до одреден дел од куќата каде што ги открил парите во смрдлива пластична ќесе.

 

Банкнотите стари неколку децении биле во толку лоша состојба што се неупотребливи. Во вреќата имало и злато, уреди за комуникација, снимки, машина за пишување, моливи и камера со филм кој не можел да се развие.

 

Николас Ескобар, кој се гордее со роднинската врска со наркобосот, вели дека нашол неколку скривници.

 

Приказните за скривниците на Ескобар сѐ уште кружат по Меделин. Еден од најбогатите криминалци во историјата имал годишни приходи од милијарди долари.

 

Обвинет за околу 6.000 убиства, лидерот на наркокартелот беше убиен во 1993 година на 44-годишна возраст во Меделин.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video