Во петок изложба на делата од членовите на Друштвото на ликовни уметници – Прилеп

На 25.09.2020г. во петок во 20.00 часот во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена годишната изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници – Прилеп. Одржувајќи го континуитетот на неуморливата творечка креација, членовите на ДЛУП, (околу 20), ќе имаат можност  да го промовираат сопственото творештво на пошироката публика преку организацијата на Годишна изложба за 2020 година.

 

Страста за уметноста продолжува да живее во срцата на уметниците и покрај ситуацијата во која се наоѓаме. Секој од уметниците докажува како на свој начин преку своето дело и уметничка креација го поминува овој тежок период.

 

Притоа, на членовите – учесници на годинашната изложба имаат можност да се претстават со сопственото творештво изработено во различни техники, последователно во текот 2020 година.

 

„Во најтешките ситуации како што е оваа, каде што за да се одржува духот на човекот неопходно е да се присетиме на убавите  работи и моменти, со кој ќе го потхраниме духовниот порив и полесно ќе го надминеме овој период. Еден од тие начини е уметноста која ја создаваат Друштвото на Ликовни уметници на Прилеп.  Во ’’ тишина’’ ќе чуете и погледнете илјада зборови кои ќе ви раскажат преубави приказни за делата и за уметниците“, вели Методи Исков , претседател на ДЛУП.

 

Изложбата ќе биде според сите протоколи за заштита од корона вирусот : носење на маска,  задолжително мерење на температура, дезинфекција на раце.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи