На 5 октомври 2020, понеделник, во 20.00 часот во ЦК„Марко Цепенков“ концерт ќе одржи Македонски брас квартет.
Програма :
Jeremiah Clarke “Trumpet Voluntary”
G.F.Handel “Water Music Suite”
Henry Percell “The Fairy Queen”
G. F. Anerio “Gagliarda”
Giuseppe Verdi “Nabucco Overture”
Maurice Ravel “Trois Chansons”
W.A. Mozart “ Sonate no:11 Tema”
N.R. – Korsakov “Notturno”
Astro Piazzolla “Tango Apasionado”
A.Alabjeev “ Solovei”
Joplin “The Strenuous life”
Македонскиот брас квартет е основан во 2013 година кога што се бележат и првите настапи. Составот има настапувано во повеќе градови на Македонија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово Берово и Скопје, во склоп на фестивали и самостојни концерти.
Македонскиот брас квартет е составен од четворица,пријатели, колеги, вработени во Македонска Опера и Балет, Стојанче Косовски труба, Александар Златески труба, Горан Јанев хорна, Владан Дробицки тромбон.
Стојанче Косовски е прв трубач во македонската опера и балет од 2005 година хонорарно соработувал со Битолската камерна опера, Македонската филхармонија, Градските оркестри на Битола и Скопје, проектански оркестри од Австрија и Белгија.
Александар Златески е прва труба во Македонската Опера и Балет,хонорарно соработува со градскиот оркестар, Македонска филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.
Горан Јанев е прв хорнист на Македонската Опера и Балет, хонорарно соработува со Македонска Филхармонија, проектански оркестри од Бугарија и оркестарот за филмска музика Fames Скопје.
Владан Дробицки е прв тромбонист на Македонската Опера и Балет , хонорарно соработува со градскиот оркестар на Скопје, Македонската филхармонија и здружение на џез музичари ЗЏМ.