Младата прилепска поетеса Ана Марија Манчевска денеска ја издаде својата прва книга насловена „Низ животот како дете“. Промоцијата на книгата се случи во амфитеатарот во населбата Варош, на отворено според сите зададени мерки за заштита од Ковид 19. Книгата содржи 30 песни пишувани во 3 циклуси : „Детство“, „Мојот дом“ и „Татковино“.
Манчевска е ученик во ООУ „Блаже Конески“ во 9-то одделение. Нејзин класен раководител, а воедно и рецензент на книгата е Виолета Христовска. Промотор на книгата беше професорката по македонски јазик Блага Тутеска.
Манчевска со пишување на песни започнала на свои 7 години. Досега има напишано околу 800.