Спасовски: Повисока свест за Ковид-19, а не повисоки казни

Facebook
Twitter
Email
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека неколку пати досега е отворено прашањето за зголемување на казните за неносење маски, но смета дека тоа само по себе нема да даде ефект.

 

„Не мислем дека само зголемувањето на казните ќе даде ефект во борбата со Ковид-19. Некогаш е многу поважно ако треба и со помала казна, меѓутоа да се почитуваат тие мерки што ги имаме со поголеми контроли. Во секоја кризна состојба, па и оваа со Ковид-19, превентивата и подигањето на јавната свест е најважната работа и затоа постојано се апелира до граѓаните. Многу е важно да ги почиуваме мерките и да разбериме дека се што се прави е за заштита на нашето здравје, на нашите семејства, на нашето опкружување“, рече Спасовски.

 

Со вчерашниот предлог на Комисијата за заразни болести маските треба да станат задолжителни и на отворено и кога човек се движи сам.

 

Казната за неносење заштитна маска за лице изнесува 20 евра, а ако се плати на самото место изнесува 10 евра.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи