ВИДЕО – Боречкиот клуб „7 Мај“ – Прилеп го доби пехарот за освоениот куп во женско борење за 2020

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп денеска го доби пехарот за освоениот куп во женско борење за 2020 година. Пехарот на клубот го предаде потпретседателот на боречката федерација на Македонија Дејан Богданов. Ова е за прв пат во Македонија да има куп во женско борење бидејќи до лани имало само 3 женски клубови и тоа не можело да се реализира, но годинава бројот на клубови се зголемил на 10. Девојките од „7 Мај“ се државни прваци во пионерска конкуренција, државни прваци екипно во кадетска конкуренција и државни прваци на Македонија во севкупна конкуренција. Севкупно земено женскиот клуб „7 Мај“ има 187 бодови, а сите останати клубови заедно имаат 136 бодови.

 

 

„Така што ние како Ферерација максимално ќе го поддржуваме овој клуб, ќе направиме се да се развие женското борење, особено во Прилеп има добар тим во клубот кој може да постигнат големи резултати. И мислам дека оваа титула ќе остане подолг период тука во Прилеп. Така што тоа е една мотивација плус и за клубот и за тренерите и за спортистите“, истакна Дејан Богданов, потпретседателот на боречката федерација на Македонија.

 

 

Девојките од клубот се горди на својот успех и очекуваат освен на домашен план да постигнуваат успеси и на меѓународен. 5 од овие девојки се репрезентативки во пионерска и 4 во кадетскка конккуренција. Стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија е всушност стручниот штаб на боречкиот клуб „7 Мај“. Со уште само неколку девојки од други клубови овој клуб практично е и репрезентацијата на Македонија во женско борење.

 

„Ова е голем успех за нас, долгоочекувано нешто, многу трениравме, многу се трудевме за ова и се надевам дека и понатаму ќе бидеме успешни, не само во Македонија туку и во регионов“, рече Барбара Стојкоска, член на клубот „7 Мај“.

 

 

И раководството на клубот велат дека во иднина очекуваат високи резултати и на меѓународен план.

 

„Во иднина, благодарение на поддршката од страна на боречката Федерација, се гледаме чекор подалеку. Ние морам да признам дека како клуб „7 Мај“ имавме една тешка задача да создаваме традиција како однос кон борењето бидејќи досега тоа го немаше во Прилеп. Сега чекор по чекор дојдовме до тука, а се надевам дека ќе одиме и малку подалеку на интернационален план“, додаде Јане Тренчески, претседател на клубот „7 Мај“.

 

„Резултатот е последица од неколку годишните напорни тренинзи, големи залагања и од управата и од стручниот штаб, а особено на девојките кои целото искуство кое го имаат позади себе, како учество на неколку балкански првенства и европски првенства, сето тоа го преточивме во овој резултат. Се надеваме дека во иднина ќе имаме уште подобри резултати не само во Македонија туку и надвор од неа“, изјави Сашо Игнатовски, тренер на боречкиот клуб „7 Мај“.

 

 

Она што сега останува е овој огромен успех да биде препознане и од Општина Прилеп, но и од бизнис секторот, затоа што практично клуб во своето 15 годишно постоење и иако е расадник на ваквии млади таленти, немал соодветна поддршка ниту од локалната самоуправа, ниту пак од некој поголем спонзор од приватниот сектор.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи