ВИДЕО – Се урна зграда во Прилеп, голем пожар и повеќе повредени – трета спасителна вежба на „Златоврв“

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Спасувачката служба „Златоврв“ од Прилеп ја одржа својата трета по ред спасителна вежба во центарот на Прилеп.

 

 

Сценариото опфаќаше зграда во центарот на Прилеп која е срушена од земјотрес и опфатена со пожар. На седми кат на терасата има останато неколку деца кои се обидуваат да се спасат и бараат помош.

 

Спасителните тимови веднаш се мобилизираат и се упатуваат кон центарот на градот. Кризниот штаб веќе има направено пресметка и со самото доаѓање на тимовите веднаш ги распоредува по задачи.

 

Припадниците на Спасителната служба започнуваат со качување кон седмиот спрат додека Пожарната единица пристапува кон гасење на пламенот од зградата и го спречува неговото проширување, припадиците на Дирекцијата за заштита и спасување се упатуваат кон приземјето и бараат заглавени лица.

 

Истовремено, полициските службеници го обезбедуваат местото на настанот и спречуваат премин на цивили додека Црвениот крст е присутен со давање на прва помош. Сите извлечени лица ги превзема Итната медицинска помош каде им се укажува прва помош, а сериозните повреди веднаш се транспортираат кон градската болница.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.