Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Според одлуката, од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 денар за литар, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар.
Така, од ноќеска на полноќ, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се породава за 60,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 61,50 денари, литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 51,00 денари, цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,00 денари за литар, а килограм мазут М-1 НС ќе се продава за 27,580 денари.