Вчера во 17.45 часот на регионалниот пат 1303 Прилеп-Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „ауди“ управувано од Ќ.Х.(50) од Кичево и товарно моторно возило „ман“ управувано од С.Ј.(63) од с.Долно Оризари,Битолско.
„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ќ.Х., а со повреди се здобиле сопатниците во патничкото моторно возило, Ј.Х.(47) од с.Брждани,Кичевско, С.И.(47) од с.Гарани,Кичевско и 16-годишно момче од Кичево на кои им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп. За незгодата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп“, соопшти МВР.