Започнува остварувањето на петте мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, според кои, до крајот на годината ќе бидат исплатени вкупно 7,5 милиони евра државна помош, најави денес министерот за економија Крешник Бектеши.
Со мерките се предвидува враќање на туристичка такса за 2019 на сите категоризирани угостителски објекти. Грантови ќе се доделат на туристички агенции, ресторани за свадби и игротеки кои претрпеле загуби во работењето поради коронакризата. Висината на грантовите ќе зависи од остварениот приход во 2019 и бројот на вработени. Грантови ќе добијат и лиценцирани туристички водичи и тоа во висина од три просечни плати, односно 65.000 денари за секој туристички водич.
Министерството за економија информира дека реализацијата на мерките ќе ја спроведува преку платформата www.domasiedoma.gov.mk или www.pushimenevend.gov.mk на која ќе можат да се поднесат барањата и потребната документација. А, за потврда на веродостојноста на податоците, ќе се врши проверка од надлежни институции.
Крајниот рок за аплицирање за овие пет мерки е 27 ноември.